Европол приведе 26 лица поради криумчарење мигранти

Групата пренесувала неколку десетици мигранти дневно, а криминалните активности биле делумно опасни поради транспортните услови. 

Во Белгија и Франција уапсени се 26 лица, членови на криминална мрежа, заради криумчарење илегални мигранти и при тоа конфискувани се три возила, пари и електронска опрема, објави денеска Европол.

Операцијата ја спроведе полицијата на Белгија и Франција со помош на Европол, а при претрес на 27 куќи пронајдени се 21 мигрант кои се пренесени на безбедно.

Криминалната група е осомничена за транспорт на мигранти, претежно од Виетнам преку Белгија и Франција во Велика Британија и се верува дека криела мигранти пред да бидат оставени на нивната крајна дестинација преку Ла Манш.

Неколку месеци групата пренесувала неколку десетици мигранти дневно, а криминалните активности биле делумно опасни поради транспортните услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот