Европол предупредува, се продаваат лажни заштитни маски и тестови за коронавирус
На европскиот пазар исто така се забележани лажни тестови за коронавирус, лажни заштитни маски и лажни лекови за маларија.
Европол ги предупреди сите членки на Европската унија дека во актуелната состојба се очекуваат обиди за продажба на наводни заштитни маски, кои се направени така што не даваат никаква заштита од коронавирусот.
Според пишувањето на германскиот весник Дер Шпигел, Европол на сите национални МВР им испратил допис во кој се истакнува дека веќе се забележува феноменот на продажба на лошо направени и нефункционални заштитни маски, кои во пандемијата од коронавирусот станаа многу барана стока на која многу добро може да се заработи.
Бескорисни заштитни маски им се нудат на болниците, аптеките и продавниците…
Такви во основа некорисни маски почнуваат се почесто да им се нудат не само на здравствените установи туку и на аптеките, продавниците со стока за широка потрошувачка итн. Многу земји воведоа обврска за задолжително носење на маски во јавност па граѓаните поитаа да ги купат, што очигледно го искористија и шверцерите.
„Меѓународните злостронички групи кои учествуваат во производство и дистрибуција на фалсификувана стока се покажаа способни да се прилагодат на новата ситуација“, се наведува во дописот на Европол.
Продажба преку интернет
На европскиот пазар исто така се забележани лажни тестови за коронавирус, лажни заштитни маски и лажни лекови за маларија, а сето тоа среде коронакризата, која очигледно не ги пресече ланците на достава на криминалните групи.
Сето тоа веќе се нуди на интернет.