Европол предупредува да се внимава на лажни потврди за тестови за коронавирус

Полициската агенција на Европската унија (Европол) денес ги предупреди земјите да внимаваат на лажните потврди за тестирање за Ковид-19, бидејќи криминални банди се обидуваат да заработат пари со забраната за патување поради пандемијата.

Поголем број бараат од патниците да имаат негативен тест за Ковид-19 при влез во земјата, за да се  да се забави ширењето на коронавирусот.

Членките на ЕУ неодамна, како што соопшти денес Европол, пријавиле случаи, меѓу кои и група фалсификатори кои продавале лажни потврди со негативен тест за коронавирусот на парискиот аеродром Шарл де Гол, како и апсење на измамници во Шпанија, кои исто така продавале лажни резултати.

Британските власти исто така уапсиле измамници кои за 100 фунти продавале потврди за тестирање на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот