Европол: Порталот „Номерерансон“ нуди бесплатна помош за жртвите на компјутерскиот вирус ренсомвер

Фото: EPA/LEX VAN LIESHOUT

Европол денеска соопшти дека специјализираниот интернет портал „Номерерансон” нуди бесплатна помош за жртвите на ренсомвер – компјутерски вирус со чија помош хакерите од физички и правни лица изнудуваат откуп и оти досега е спречено 632 милиони долари да дојдат до кибер криминалците.

Ако вирусот ренсомвер продре во компјутер почнува да ги шифрира потенцијално важните податоци и корисникот не може да пристапи без да им плати откуп на хакерите.

– Такви хакерски напади се случуваат со години, но последните месеци се интензивираа, а на мета се болниците и владините институции на некои земји и тоа во ситуација кога светот е погоден од пандемијата со Ковид-19, наведува Европол во соопштението издадено по повид четири години од постоењето на порталот „Номерерансом.орг”. (No more ransom – нема повеќе откуп)

Порталот досега имал над 4,2 милиони посетители од 188 држави.

Со 163 партнери, порталот Номерерансом е прв пример на јавно-приватно партнерство во таа област и е достапен на 36 јазици, а во изминатата година во својата збирка воведе 28 софтверски алатки за декрипција и може да се избори со 140 различни типови на ренсомвер вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот