Европол: Поради пандемијата зголемен е криминалот и педофилијата

Архива на СП

Поради пандемијата на коронавирусот, зголемени се криминалните активности, при што оваа криза се користи за личен профит. Поради тоа, зголемен е онлајн надзорот на педофилите и криминалците, се наведува во извештајот на Европол.

„Криминалците се многу флексибилни и брзо се прилагодуваат на новите услови и наоѓаат нови начини за заработка“, се наведува во извештајот.

Досега се разбиени 37 организирани криминални групи.

„Користејќи различни начини на манипулација, криминалците од корисниците се обидуваат да добијат доверливи податоци како што се: корисничко име, лозинка, податоци од кредитни картички…за да остварат финансиска корист”, се додава во извештајот.

Исто така, се наведува дека кризата во период на коронавирусот „ги отвори вратите и на педофилите”, поради тоа што децата сега се повеќе време дома и се чувствуваат осамени.

„Бројот на предатори кои демнеат над децата на социјалните мрежи и форуми се зголеми значително, бидејќи децата во оваа ситуација се повеќе ранливи од вообичаено. Педофилите ја користат оваа ситуација за да стапат во контакт со нив и да воспостават однос на доверба за да ги убедат да преземат различни активности од испраќање голи фотографии до создавање односи за идниот период, се наведува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот