Европол: Пандемијата ја зголеми дистрибуцијата на содржини со сексуално злоставување деца

Фото: EPA/LEX VAN LIESHOUT

Европол предупреди  дека за време на изолацијата поради пандемијата, зголемена е дистрибуцијата на содржини што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.

„Забележано е дека во последните неколку месеци низ целиот свет, додека децата и сексуалните престапници беа затворени во нивните домови, се забележува зголемување на бројот на материјали за сексуална злоупотреба на деца кои се споделуваат преку интернет”, се вели во соопштението на Европол.

Криминалците го користат моделот P2P на комуникација на интернет и скриениот дел од мрежата (dark web) за да пронајдат, разменуваат и продаваат сексуална содржина на која се деца.

Извршната директорка на Европол, Кетрин Де Бал изјави дека дистрибуцијата на таков материјал се зголемила за време на пандемијата, иако веќе била на високо ниво и пред пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот