Европол отвори центар за борба против финансискиот криминал

Фото: EPA/LEX VAN LIESHOUT

Полициската агенција на Европската унија, Европол денеска го отвори својот Европски центар за борба против финансискиот и економскиот криминал, со кој ќе се подобри оперативната помош на земјите-членки и телата на ЕУ во борбата против овие појави и ќе се промовираат систематски финансиски истраги.

Според соопштението на Европол, новиот центар е основан во рамките на постојната организациска структура на агенцијата, која веќе игра значајна улога во европскиот одговор на финансискиот и економскиот криминал, а нејзиниот персонал ќе го сочинуваат 65 меѓународни експерти и аналитичари.

Економскиот и финансискиот криминал секоја година претставуваат значителна закана за милиони луѓе и илјадници компании во ЕУ, перењето пари и криминалното финансирање се движечката сила на организираниот криминал, а пандемијата на коронавирусот е доказ дека криминалците брзо се прилагодуваат на променливите околности за да ги искористат стравовите и слабостите на луѓето, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот