Европол: Најмалку 80 отсто од хероинот во Албанија доаѓа од Северна Македонија

Фото: Српско МВР

Според податоците на Европол, Северна Македонија е клучната земја на Балканот што сите ја сметаат за единствена точка за дистрибуција на авганистански хероин во Европа.

Бидејќи географската положба овозможува поврзување со 5 држави, односно Бугарија, Турција, Косово, Србија и Албанија, Северна Македонија е означена како главна точка на главната рута за хероин.

Најголем дел од хероинот се шверцува во Швајцарија и Холандија, бидејќи таму има и најголем број консументи на оваа дрога.

Според Европол, шверцерите кај нас, големите количини хероин што стигнуваат од Турција, ги препакуваат и складираат за понатамошен шверц во земјите во Западна и Централна Европа.

Експертските податоци укажуваат дека уште од 2010 година се забележани првите директни трансакции со Авганистан. Криминалните групи од Западен Балкан купуваат сериозно големи количини хероин директно од оваа земја. Значителна количина, според Европол, преку Северна Македонија влегува во Албанија, поточно во Елбасан.

Во овој град, кој е четврт по големина во Албанија, останува мало количество од дрогата. Најголемиот дел го продолжува патот кон Европа.

Според овие податоци Елбасан, каде живее бројна македонска заедница, и Северна Македонија се клучните точки за дистрибуција на хероин и во Италија.

Во Европа, во изминатите години нелегалната трговија со хероин значително се зголемува. Секојдневно полицијата ширум ЕУ запленува и по повеќе од 1000 килограми во една пратка.

Авганистан е главниот производител на хероин. Само во 2019 година произведени се над 400 тони хероин, а се проценува дека 150 тони се трошат во Европа. Во меѓувреме, патиштата за трговија со хероин се диверзифицираат во исто време и во повеќето случаи се користат т.н. балканска рута и северна рута, се вели во извештајот на Европол. Користените методи за прикривање вклучуваат криење на хероин во легален товар, често храна или градежни материјали и скриени оддели на камиони или контејнери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот