Европол ќе потпише договор за соработка со Косово

Договорот отвора нови можности за меѓународна полициска соработка, како што е пристап до комуникацискиот канал „Европол”.

Управниот одбор на Европол на својата последна седница го одобри склучувањето Рамковен договор со агенциите за спроведување на законот во Косово, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи, пренесе Слободна Европа.

Договорот предвидува соработка меѓу Европол и косовската полиција, царината, даночната администрација и единиците надлежни за спречување на перењето пари во борбата против организираниот криминал, корупцијата и другите форми на сериозен криминал.

Според соопштението на хрватското министерство, договорот отвора нови можности за меѓународна полициска соработка, како што е пристап до комуникацискиот канал „Европол” и, како што се забележува, договорот обезбедува проактивен начин на соработка со сите земји членки на ЕУ.

Министерството за внатрешни работи потсетува дека Република Хрватска, во својство на претседавач со Советот на ЕУ, силно го охрабри зајакнувањето на соработката со партнерите од Југоисточна Европа, што е потврдено со Декларацијата од Загреб, донесена на 6 мај, на состанокот на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан во областа на миграцијата и безбедноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот