24.8 C
Скопје

Европол: Албанија главен извор на дрога, пратките со канабис се транспортираат главно по морски пат до Италија

Албанија останува главен извор на трговија со канабис во Европската унија и претставува закана за европската економија и општество.

Ова е констатацијата содржана во последниот извештај на европската полиција (Европол) под наслов „Процена на заканата за тежок и организиран криминал”.

Според Европол, 40 проценти од активните криминални мрежи во ЕУ се вклучени во трговија со дрога.

-Најраспространет илегален производ останува канабисот, кој во случајот на  Албанија се транспортира главно по морски пат до Италија. Над 60 проценти од организираниот криминал се извршува со употреба на насилство и исто толку, корупција, мито па се до софистицирани шеми со милиони долари, констатира Европол, пренесува, Ора њуз телевизија.

Според истиот извор, Кетрин Де Бол (Catherine De Bolle), шеф на Европол, додава дека извештајот од 2021 година покажува дека и двата индикатори се влошуваат.

-Нивното влијание врз граѓаните, економијата и владеењето на правото е огромно. Потребни ни се заеднички активности, нови политики, за да размислиме како работиме. Само конфискациите не се доволни. Овие луѓе користат сè од општеството за профит, без почит кон животот, вели Кетрин Де Бол.

Корупцијата на европско ниво се проценува дека ја стимулира трговијата со дрога, особено рекордното ниво на кокаин од Латинска Америка.

Во време на пандемија, Де Бол, вели дека криминалните групи исто така го искористуваат тоа, продавајќи лажни производи против ковид-19.

-Од почетокот на пандемијата видовме понуди на лажни вакцини на интернет. Сега ги наоѓаме и во физичкиот свет. Изненадувачки е што некои луѓе ги купуваат овие вакцини надвор од фармацевтскиот сектор, но тие претставуваат здравствен ризик, оценува Де Бол.

Европол ги идентификувал перењето пари, сајбер нападите, лични злосторства, измами и еколошки криминал како други заканувачки појави за ЕУ.

Поврзани вести

Мекафи се самоубил

Слободен печат

Логар: Европската иднина на Западен Балкан е меѓу приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ

Слободен печат

Со нож избодела сестрата близначка

Слободен печат

ВИДЕО | Торнадо ја опустоши Јужна Моравија: Автомобили паѓаа по куќи

Слободен печат

Спасовски домаќин на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии” во Охрид

Слободен печат

ВИДЕО | Безмалку 100 исчезнати во урнатата зграда на Флорида

Слободен печат

Остави Коментар