Европејците најмногу го користат интернетот за е-пошта

Фото: Профимедиа

Европската статистичка служба Евростат соопшти дека бројот на корисниците на светската мрежа речиси двојно се зголемил од 2007 година, кога интернет користеле само 57 проценти од граѓаните.

Вкупно 87 отсто од населението во ЕУ, на возраст од 16 до 74 години, користеле интернет во текот на минатата година, а нивниот број се менува од 98 проценти во Шведска до 68 отсто во Бугарија.

Европската статистичка служба „Еуростат“ соопшти дека бројот на корисниците на светската мрежа речиси двојно се зголемил од 2007 година, кога интернет користеле само 57 проценти од граѓаните.

Најмногу корисници го употребувале интернетот за испраќање и примање електронска пошта (75 отсто), за пронаоѓање податоци за стоки и услуги кои ги интересираат (68 проценти), испраќање пораки (67 отсто) и читање вести на интернет (63 проценти).

Мнозинството од нив, исто така, преку интернет користеле банкарски услуги (58 отсто), социјални мрежи (57 проценти), барале здравствени информации (55 отсто), слушале музика (53 проценти), телефонирале или користеле видео повици (52 отсто).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот