Европејците мора да се договорат или со Трамп или со Путин
Тажната вистина е дека дури и ако демократите ја освојат Белата куќа во ноември, кинеската закана може да ги спречи САД да продолжат да ја финансираат Украина. Ова во пракса би значело дека на Европа и се потребни безбедносни гаранции со кои ќе овозможи таа да остане под американскиот безбедносен чадор, но и во исто време да се испорачува помош кон Украина со една цел а таа е Путин да остане подалеку од Европа.
Ова меѓудругото го пишува магазинот „Политико“ во свој текст кој наведува дека поради ваквата констелација на работите сега но и поради жестоките поддржувачи на безрезервната помош за Украина отворено се повеќе европски политичари се додворуваат на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп.
Како што наведува медиумот тие се надеваат дека ќе се постигне договор со Трамп што ќе им овозможи да продолжат да останат под американскиот чадор, но и да го спонзорираат украинскиот конфликт.
Еден меѓу нив е и британскиот премиер Кир Стармер, кој е голем поддржувач на Украина а од неодамна нема друг избор освен да воспостави блиски односи со американскиот претседател, без разлика кој ќе победи на изборите. Па оттука се и неговите обиди да го шармира Трамп, кои траат веќе неколку месеци, пишува „Политико“.
Сепак, советниците на Трамп ја гледаат Кина, а не Русија како главна закана за безбедноста на САД. Поради ова, тие веруваат дека Украина ги исцрпува вредните американски ресурси потребни за спротивставување на Пекинг и одбраната на Тајван.
Идејата на Трамп за мирно решение може да значи дека Русија едноставно ќе ги задржи деловите од Украина што веќе ги владее. Доколку Трамп се врати во Белата куќа, Британија и другите европски членки на НАТО би можеле да се соочат со тежок избор а тој се сведува на тоа или да прифатат принудна спогодба во корист на Русија или да продолжат да го поддржуваат Зеленски со отфрлање на таквиот мировен договор.
Доколку се одлучат за втората опција, постои можност Трамп да ги казни овие европски дезертери со откажување на американските одбранбени гаранции за сојузниците кои Трамп веќе во јавните говори ги обвинува за ескалацијата на состојбите во Европа.
Криза од ваков вид би го поделил и ослабнел НАТО дополнително до тој степен што некои сојузници би можеле да ја напуштат својата конфронтација со рускиот претседател Владимир Путин и да ја повлечат својата поддршка за Украина.
Тажната вистина е дека дури и ако демократ ја освои Белата куќа во ноември, кинеската закана може да ги спречи САД да ја финансираат Украина. И во ова сценарио, Зеленски ќе мора да се потпре само на европските сојузници, како и на заемите од Г7 обезбедени со приходите од замрзнатите руски средства.
Но, ако Трамп победи во ноември, неговите советници веројатно ќе кажат дека борбите во Украина мора брзо да завршат за да се спречат САД да бидат вовлечени во ситуација кога Русија ќе се одмазди на земјите од НАТО кои ја снабдуваат Украина.
Европските сојузници соочени со нуклеарните закани на Путин ќе се чувствуваат безбедно да испорачаат оружје на Украина само доколку Трамп ја задржи посветеноста на САД кон НАТО.
Магазинот наведува дека европските сојузници би можеле да смислат формула која ќе ги убеди советниците на Трамп дека тој не треба да турка мировен договор за Украина и наместо тоа да делегира воена поддршка на европските сојузници, со одредени резерви за списокот на цели за напади на руска територија.
Овие услови секако нема да му се допаднат на Зеленски. Но, лошиот договор со Трамп може да го одложи уште полошиот договор со Путин.