Европа во обид да обезбеди 100 милијарди евра за обнова на Украина

Европската инвестициона банка предлага создавање финансиски инструмент, како оној за време на пандемијата од ковид – 19, со кој би се обезбедиле 100 милијарди евра за обнова на Украина, пишува Ројтерс.

Ваквиот фонд за почеток би требало да располага со 20 милијарди евра како придонес на земјите членки на ЕУ, пари кои би биле пласирани во форма на неповратни средства, позајмици и по пат на гаранции.

Гаранциите би имале повеќестрано учество и би биле нудени за инфраструктурни проекти во вкупна вредност од 100 милијарди евра, средства што би покриле половина од неопходните потреби на Украина.

Предлогот на ЕИБ би требало да биде претставен денеска, за време на меѓународната конференција за опоравување на Украина што се одржува во Швајцарија. Целта е да се обезбедат средства со кои би и се помогнало на земјата да се опорави од воените дејствија.

Средствата од овој фонд би се користеле за обновување на мостови, водоводната прежа и други инфраструктурни зафати особено во градовите каде се бележи зголемување на популацијата поради миграцијата од другите градови во земјата каде беснее војна.

За да може овие стредства да се користат прво треба одобрување од Европската комисија, а потоа по ваквиот предлог треба да се изјаснат и земјите членки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот