Европа со највисока стапка на раст на кибер напади во светот

Фото : Архива

Најголем пораст на ширењето на кибер напади во светот во 2021 година е регистриран во Европа (68 отсто) и Северна Америка (61отсто), се вели во извештајот на израелскиот провајдер за кибер безбедност Check Point.

Кибер нападите во најраспространетиот регион, Африка, се зголемија за само 13 отсто на годишно ниво, и покрај речиси 1.600 напади неделно – речиси три пати повеќе од американскиот/европскиот просек.

Азиско-пацифичкиот регион претрпе приближно 1.350 напади неделно со зголемување од 25 отсто на годишно ниво, а Јужна Америка – речиси 1.120 напади неделно со зголемување од 38 отсто.

Различни земји и индустрии страдаат од кибер напади со различни стапки, при што Check Point ги прегледал податоците од 16 индустрии и речиси 100 земји.

Најсилно засегнато е образованието/истражувачката дејност, потоа владите/војската, комуникациските компании и интернет провајдерите – во сите нив кијбер нападите се зголемени за најмалку 47 отсто. Индустрискиот сектор со најголем скок во напади е оној на продавачите на софтвер, каде што кибер нападите се зголемија за 146 проценти.

Check Poin е мултинационален снабдувач на ИТ безбедносни производи. Компанијата има приближно 5.400 вработени низ целиот свет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот