Европа се соочува со сериозен проблем : Германија ја прекина работата на Северен поток 2 – поради што драстично поскапе цената на гасот

Германија ја суспендираше дозволата за работа на рускиот гасовод Северен тек 2, што резултираше со драстично зголемување на цената на гасот во Европа. Сепак, многумина дополнително се плашат од зимата.

Гасовод Јамал - Европа кај Минск
Станица за компресија на гасоводот Јамал-Европа кај Минск/Фото: EPA/MAXIM MALINOVSKY

Како што соопштија германските регулатори, подружницата што ќе управува со германскиот дел од Северен тек 2 не ги исполнува условите да биде „независен преносен оператор“. Тие додадоа дека не можат да го сертифицираат Северен тек 2 како независен оператор бидејќи седиштето на компанијата е во Швајцарија, а не во Германија.

„По детално разгледување на целата документација, заклучено е дека единствениот начин да се потврди операторот на гасоводот „Северен тек 2“ е операторот да основа подружница во согласност со германските закони“, се вели во соопштението на регулаторите.

Германската енергетска агенција потоа објави дека швајцарската компанија одлучила да не биде под германска регулатива, туку само да основа фирма ќерка во Германија која ќе се занимава со гасоводот во таа земја.

Гасовод/ Фото Архива на Слободен печат

Од агенцијата додаваат дека дополнително ќе ја разгледаат апликацијата кога имотот и средствата ќе бидат префрлени на сметката на германската компанија.

Скап гас во Европа

Гасот во Европа поскапе за околу 10 отсто, иако домаќинствата и компаниите веќе плаќаат висока цена. Експертите дополнително предупредуваат дека Европа би можела дури и да остане без струја и греење доколку зимата е постудена од просекот.

 

„Во моментов немаме доволно гас. Немаме залихи за зимата. Затоа постои страв дека ако зимата е постудена од просекот, Европа ќе биде во темнина“, Џереми Вир, извршен директор на Трафигура, изјави за медиумите.

Според британските медиуми, по прекинот на „Северен поток 2“, цената на бензинот на Островот пораснала за цели 17 отсто.

Фото: EPA/Eustream

Европската унија добиваше околу 40 отсто од гасот од Русија. Северен поток 2 заврши во септември и покрај жестокото противење на Соединетите Американски Држави и други земји, кои сметаат дека гасоводот е начин Москва да го прошири своето влијание но и да ја уценува Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот