Европа гори: Во Франција измерена највисоката температура во историјата!

Фото: EPA

Голем топлотен бран во последните неколку денови ја зафати западна Европа, а денеска во еден француски град била измерена температура од 45,1 степени Целзиусови, со што е срушен рекордот од 2003 година, кога биле измерени 44,1 степени Целзиусови во оваа земја, пренесува „Би-Би-Си“.

Париските медиуми пренесуваат дека рекордот за највисока температура бил измерен уште вчера, кога таа изнесувала 44,3 степени Целзиусови, а веќе денеска е поставен нов рекорд.

Во оваа држава поради рекордните температури веќе три лица ги загубија животите.

Покрај Франција, државите како Германија, Полска и Челшка исто така бележат рекордни температури за месец јуни.

Во Шпанија пожарникарите се борат со најголемите пожари во последните 20 години, а во осум тамошни провинции е вклучен црвен аларм, каде се очекуваат температури повисоки од 42 степени.

Во Италија исто така е издадено предупредување за високи температури во 16 градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот