Евромилион: Рекордна добивка од 220 милиони евра освоена во Франција

Евромилион
Рекордна добивка од 220 милиони евра вчера е освоена во Франција на лотаријата Евромилион / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Рекордна добивка од 220 милиони евра вчера е освоена во Франција на лотаријата Евромилион што е најголема добивка досега освоена во Европа, јави дописникот на МИА.

Среќниот добитник или добитничка сега имаат шеесет дена да се пријават во француската лотарија и да ја земат својата добивка, што е најголемиот џек пот во историјата на европската лотарија од нејзиното создавање во 2004 година.

Тој или таа ја играа победничката комбинација 21, 26, 31, 34, 49, и дополнителните броеви 2 и 5. Претходниот супер џекпот падна во Швајцарија. Тоа беше добивка од 210 милиони евра на 26 февруари 2021 година. Во Франција, последниот рекорд датира од декември 2020 година. Играч од Јужна Франција тогаш освои 200 милиони евра ставени во игра.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот