Евролигата во проблеми, се одложува стартот на новата сезона?

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Евролигата го објави официјалниот календар за наредната сезона која треба да започне на 1. октомври.

Но, стартот на новата сезона е под знак прашање бидејќи како што пишува „Израел хајом“ неколку екипи ќе предложат одложување на стартот. Тие бараат новата сезона да започне во втората половина на декември, а како главна причина за нивното барање е стравот на пандемијата на коронавирусот и последиците кои ги носи.

Поточно, екипите не знаат дали ќе биде дозволен авио сообраќај во октомври како и податокот дека сè уште има земји како Русија која е ново жариште на коронавирусот и во која не се знае кога ќе биде дозволен влез на странци.

Исто така екипи екипите се жалат дека поради големите ограничувања не можат да формираат буџети добар дел се полнат од продажбата на сезонските и дневните билети, а како што стојат работите сосема реално е новата сезона да започне без дозвола за присуство на гледачи во салите.

Од друга страна, голем проблем во идејата на неколкуте екипи кои ги предводи Макаби Тел Авив е преместувањето на Олимписките игри во Токио за наредното лето.

Доколку сезоната започне кон крајот на декември тогаш малку веројатно е дека ќе има термини да се одиграат сите натпревари, односно за пет месеци според календарот треба да сео одиграат 34. кола од регуларниот дел од сезоната, чертвртфиналните серии и фајнал-фор турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот