Евролигата се пишмани, нема службени победи поради корона
Слободен печат
Пред
epa08443073 (FILE) - A basketball with the logo of the Turkish Airlines Euroleague during the Euroleague basketball match between Zalgiris Kaunas and FC Barcelona Lassa in Kaunas, Lithuania, 16 November 2018 (re-issued on 25 May 2020). The 2019-20 Euroleague and Eurocup basketball seasons have been cancelled due to the ongoing coronavirus COVID-19 pandemic, the Euroleague Commercial Assets (ECA) Shareholders Executive Board confirmed on 25 May 2020. EPA-EFE/TOMS KALNINS
Новиот бран на пандемијата на коронавирусот силно удри по Евролигата и Еврокупот каде неколку екипи не можат да играат поради предмногу заболени кошаркари од ковид-19.
Челниците на Евролигата прд стартот на новата сезона донесоа одлука со која доколку некоја екипа не може да обезбеди осум играчи за да играат натпревар, да го загуби натпреварот со службени 20:0. По само две кола екипите на Зенит и Асвел во Евролигата како и Бурж во Еврокупот се најдоа во големи проблеми бидејќи речиси сите кошаркари се позитивни на коронавирус поради што веќе загубија неколку натпревари со службен резултат. Но, бројните приговори од речиси сите екипи како и зголемувањето на бројот на заболени лица од ковид-19 ги натера челниците на Евролигата да ретерираат во своите тврди ставови и предложија измена на правилата. Така наместо службена победа, одлучено е да најде нов термин за одигрување на тој натпревар.
Исто така сите шест натпревари кои досега се веќе откажани нема да бидат регистрирани со службен резултат 20:0, а тие кои веќе се регистрирани, ќе се поништат и ќе се одиграат во некој друг термин.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Ракометарката Наталија Тодоровска, кога од Русија дошла во Скопје да игра за Кометал Ѓорче Петров, не ни мислела дека Македонија ќе стане нејзиниот дом. И денес со радост се присетува на времето кога со ракометарките од Кометал ја освоија шампионската титула. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Во разговорот за „Слободен печат“ Наталија раскажува …
Вечерва се емитува петтата епизода од поткастот на „Слободен печат“. Наш денешен гостин е наградуваниот спортски новинар Бранко Казаковски, со кого разговаравме за македонскиот спорт, спортското новинарство во Македонија, како и многу други интересни теми. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Казаковски ни раскажува за предизвиците да се биде спортски новинар во земјава, неговите …