ЕВРОЛИГА: Вечер на гостинските екипи

фото. Евролига

Сите три натпревари од третото коло завршија со победи на гостинските екипи, Барселона, Анадолу Ефес и Жалгирис.

Кошаркарите на Црвена звезда во третото коло од Евролигата го доживеаја вториот пораз, а прв на домашен терен.
Подобар од „црвено-белите“ беше литванскиот Жалгирис кој славеше со 69:75. За разлика од Црвена звезда, за Жалгирис ова беше трета победа во третиот натпревар досега и засега е најпријатно изненадување.

Гостинскиот тим беше подобар противник во текот на целиот натпревар, успеа да го запре најсилното оружје на Црвена звезда – шутот за три поени, но сепак натпреварот беше решен во последните моменти од средбата. Српскиот тим во финишот успеа да намали на 67:69, но Жалгирид возврати преку Лекавичиус и Григонис кои беа сигурни од линијата за слободни фрлања и ја заверија победата на својот тим.

Токму Лекавичиус беше најпрецизен во литванскиот тим со 16 поени, додека Жофри Ловерњ даде 12, а кај Црвена звезда најдобар беше Џордан Лојд со 19 постигнати поени.

Турскиот Анадолу Ефес немаше никакви проблеми на гостувањето во Берлин кај Алба која ја совлада со 93:72. Гостите победата ја обезбедија уште по првата четвртина која ја добија со 15 поени разлика (29:14) и до крајот на натпреварот рутински ја одржуваа предноста. Тибор Плајс со 23 поени и Василије Мисиќ со 13 поени беа најрасположени за игра кај турскиот тим, додека во редовите на Алба се истакна Маркус Ериксон со 13 поени.

Во шпанската пресметка, Барселона и без својот најдобар играч, Никола Миротиќ, како гостин ја совлада Валенсија со 66:71. Двете екипи беа израмнети со скоро сите статистички податоци, а само во еден отскокнуваа кошаркарите на Барселона, имаа 65.7% успешност за два поени, додека Валенсија имаше 52.9% како и одличната игра во третата четвртина која каталонците ја добија со 9:21. Најефикасен во редовите на Барселона беше Смитс со 15 поени, а Калатес даде 14 поени.

Останатите два натпревари од денешната програма во Евролигата помеѓу Асвел-Панатинаикос и Басконија-Зенит, се одложени поради големиот број на играчи на францускиот и рускиот кои се позитивни на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот