Евролига: Србинот Недовиќ во Атина ја урна Црвена звезда

Панатинаикос стигна до седмиот триумф сезонава во Евролигата/Атина, Грција/25 февруари/Фото: EPA-EFE/PETE ANDREOU

Кошаркарите на Панатинаикос на домашен терен во рамките од 27 коло во Евролигата триумфираа над Црвена звезда со 79:73.

Во редовите на грчката екипа доминираше српскиот интернационалец Немања Недовиќ со 25 поени.you

А интересно на спротивната страна за српскиот претставник прв стрелец беше Гркот Василеиос Кавадас со 17 поени.

На табелата ПАО е на 16 позиција (7-17), додека белградските „црвено-бели“ на 13 место (9-15).

Дуелот помеѓу Зенит Петербург и Барселона е одложен поради воениот конлифкт помеѓу Украина и Русија, а Монако пред своите навивачи со 92:78 славеше против Фенербахче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот