Евролига: Реал Мадрид едвај го урна Монако, ПАО подобар од Басконија

Реал Мадрид после две продолженија успеа да го совлада Монако во Франција/Фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Кошаркарите на Реал Мадрид после две продолженија во Франција го совлада Монако со 90:84 (18:15, 16:19, 23:21, 9:10, 24:18), во 23 коло од Евролигата.

Најдобри кај Реал беа Гершон Јабуселе со 18 поени и 10 скока, Винсент Поарије со 10 поени и 14 скока и Том Ертел со 10 поени и девет скока. Најефикасни кај Монако беа Двејн Бејкон и Алфа Диало со по 19 поени.

Реал е прв на табелата со 18 победи и три порази, а Монако е на позицијата со 10 победи и 12 порази. Во следното коло Реал му гостува на Олимпијакос, додека Монако се соочува со Панатинаикос.

Во истото коло Панатинаикос на домашен терен ја совлада Басконија со 75:63 (22:8, 16:12, 19:12, 18:31). Најефикасен во грчкиот состав беше српскиот репрезентативец Немања Недовиќ со 16 поени, а го следеа Џереми Еванс со 14 и Окаро Вајт со 12 поени.

Кај Шпанците подобар од останатите беше Вејд Болдвин со 16 поени, осум асистенции и четири скока.

Панатинаикос е на претпоследното 17 место со пет победи и 15 порази, а Басконија е на 15 позиција со седум победи и 14 порази. Во следното коло Басконија ќе го пречека Зенит.

Евролига, 23. коло

Петок, резултати –

Уникс Казан – ЦСКА Москва 75:86
Монако – Реал Мадрид 84:90
Панатинаикос – Басконија 75:63
Баерн – Алба Берлин 62:56
Олимпиа Милано – Жалгирис Каунас 65:58

Табела: Реал Мадрид 18-3, Барселона 17-5, Олимпиа Милано 14-6, Зенит Петерсбург 13-7, ЦСКА Москва 13-8, Олимпијакос 12-8, Уникс Казан 12-9, Баерн 11-11…

Видео на денот