Евролига: Радост за ЦСКА, Црвена Звезда не успеа во Тел Авив!

euroleague.net

Кошаркарите на Црвена Звезда вечерва се поразени во Тел Авив во рамките од третото коло во Евролигата од Макаби со резултат 84:69. Средбата на крајот неочекува влезе во продолжение, неочекувано од причина, бидејќи домашниот тим беше константно во предност од самиот почеток.

Во последниот период од играта на Макаби му се случи голем пад кој Звезда го искористи и на крајот на девет секунди пред крајот дојде во ситуација да победи на овој натпревар, но Били Барон не реализираше при нерешен резултат кој имаше отворена тројка и дуелот замина во продолжение.

Белграѓани немаа повеќе сили за нешто повеќе во додатните пет минути, следуваше целосна доминација на Макаби кој ја „прегази“ Звезда со 17:2 и на крајот славеше со високи 15 разлика.

Вилбекин со 16, Каспи и Волтер со по 15 поени беа најдобри во редовите на израелскиот претставник, додека Перпероглу со 18 беше најефикасен кај белградскиот тим.

Во руската пресметка ЦСКА Москва беше подобра од Химки, прв стрелец во победничките редови беше Мајк Џејмс со 28 поени.

Евролига, 3. коло

Четврток, резултати –

ЦСКА Москва-Химки 99:86
Жалгирис Каунас-Реал Мадрид 86:73
Фенербахче-Баскониа 87:80
Макаби Тел Авив-Црвена Звезда 84:69, 67:67 (по 1. продолжение)
Баерн-Лион Вилербан 104:63
Панатинакос-Олимпиа Милано 78:79

Табела: ЦСКА Москва (3-0), Барселона (2-0), Баерн (2-1), Химки (2-1), Реал Мадрид (2-1), Олимпиа Милано (2-1), Лион Вилербан (2-1), Алба Берлин (1-1)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот