Евролига: Панатинаикос славеше во дербито над ЦСКА Москва (ВИДЕО)

фото: euroleague.net

Русите на овој натпревар во Калининград правеа грешки во клучните моменти, а Грците казнуваа и триумфираа предводени од фантастичниот Калатес.

Во натпревар од 17. коло од кошаркарската Евролига кој се играше во Калининград, играчите на Панатинаикос вечерва ја совладаа ЦСКА Москва со резултат 106:102.

Ова беше еден од најдобрите евролигашки натпревари досега оваа сезона, победникот го дознавме после едно одиграно продолжение, а таму посреќен и подобар беше грчкиот претставник.

Во додатните пет минути Русите правеа грешки, не реализираа слободни идари, а тоа го казнија нивните ривали кои триумфираа на крајот предводени од фантастичниот Калатес кој постигна 22 поени и запиша дури 17 асистенции.

На спротивната страна во поразените редови како прв стрелец се истакна Хакет со 24 поени, 10 помалку имаше Хајнс.

Анадолу Ефес најмногу благодарение на Ларкин и Плајс кои имаа по 20 поени дојде до победа на домашен терен против Химки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот