Евролига: Олимпијакос подобар од Макаби, Лион го доби дуелот против Црвена звезда,

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во рамките од 10 коло во Евролигата кошаркарите на Лион Вилербан на домашен терен со 77:74 славеа против Црвена звезда.

За француската екипа доминираше Малдеон со 26 поени, воедно запиша по четири скокови и асистенции.

На спротивната страна за српскиот претставник Петрушебжв блескаше со 18 поени и седум скокови.

Олимпијакос како гости со 94:91 беше подобар против Макаби. За грчкиот тим прв стрелец беше Везенков со 21 поен, а кај Израелците Оар имаше 20 поени.

Во германската пресметка Баерн убедливо со 115:86 триумфираше над Алба Берлин.

Евролига, 10 коло

Макаби Тел Авив – Олимпијакос 91:94
Лион Вилербан – Црвена звезда 77:74
Басконија – Монако 75:87
Баерн – Алба Берлин 115:86
Реал Мадрид – Анадолу Ефес (во тек)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот