Евролига: Олимпија Милано и Барселона последни учесници на Ф4

epa09178017 Barcelona players celebrate their victory at the end of the Euroleague basketball playoff match between FC Barcelona and Zenit St. Petersburg at Palau Blaugrana pavilion in Barcelona, Catalonia, Spain, 04 April 2021. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Екипите на Олимпија Милано и Барселона им се приклучија на Анадолу Ефес и на ЦСКА Москва во завршната битка за титулата во кошаркарската Евролига.
ЦСКА Москва работата ја заврши во три меча, додека останатите три екипи мораа да играат мајсторка, а последни кои обезбедија пласман на Ф4 турнирот кој ќе се игра во Келн, обезбедија Милано и Барселона.

Милано со 92:89 го совлада Баерн Минхен кој пак доцна „се разбуди“ и немаше време да направи комплетен пресврт. Милано на стартот од последната четвртина имаше дури 16 поени предност и кога сите помислија дека работата е завршена, кошаркарите на Баерн заиграа фантастично, погоди неколку тројки и внесе максинална неизвесност во завршницата. Баварците ги искористија грешките на Шевон Шилд и на десет секунди до крајот дојде до минус два (91:89). Сепак, Шилд погоди едно слободно фрлање по што Ципсер не беше прецизен за три поени по што Милано по пауза од 29 години, повторно ќе игра на фајнал-фор турнирот.
Шилдс беше најпрецизен со 34 поени, а Малколм Дилејни даде 16 поени, додека кај Баерн Минхен се истакнаа Џален Рејнолд со 19 поени и 10 скокови и Вејн Болдвин кој даде 17 поени.


Најлесно во мајсторката помина Барселона која 79:53 го декласира Зенит и со 3:2 во победи обезбеди Ф4. Натпреварот беше сосема поинаков од претходниот кога доминараше рускиот тим. Овој пат, Барселона доминараше во сите сегменти од играта и тоа од првата минута. Уште по првата четвртина (23:14) беше јасно кој ќе игра на завршниот турнир, а предноста постојано се зголемуваше за на крајот да биде дури 26 поени (79:53).
Ветеранот По Гасол беше одличен во одбраната, додека во нападот се истакнаа Кори Хигинс со 15 поени и Ник Калатес со 12 поени.

Во полуфиналето на завршниот турнир кој на 29 и 30 мај ќе се игра во Келн ќе играат Милано и Барселона како и ЦСКА Москва – Анадолу Ефес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот