Евролига: Милано го совлада Ефес за предност на домашен терен во плеј-офот

epa09099984 Saski Baskonia's Luca Vildoza (R) in action against Olimpia Milano's Sergio Rodriguez (L) during the Euroleague basketball match between Saski Baskonia and Olimpia Milano held at Fernando Buesa arena, in Vitoria, northern Spain, 26 March 2021. EPA-EFE/DAVID AGUILAR

Екипата на Милано го совлада Анадолу Ефес со 98:75 во последното коло од регуларниот дел од сезоната и со тоа успеа да си обезбеди предност на домашен терен во плеј-офот. На италијанскиот тим му беше потребна победа за да не ги зависи од другите екипи и таа цел на оствари на убедлив начин. Домашните кошаркари одиграа одлично во првата четвртина која ја добија со 29:19, а победата ја заверија во третиот дел кога беа уште поубедливи и го собија со 29:17.

Шевон Шилдс со 19 поени и Кевин Пунтер со 18 поени беа најдобри во тимот на Милано, додека кај Ефес кој немаше шанси да дојде до второто место на табелата најрасположен за игра беше Родриго Бобуа со 15 поени.

Пау Гасол по пауза од 21 година се врати во европската кошарка, но неговиот кам-бек го расипа Баерн Минхен кој ја совлада Барселона и тоа како гостин со 82:72. Гасол на теренот помина 13 минути и постигна девет поени во првиот натпревар за Барселона по 2000. година кога се пресели во НБА лигата. Најдобар играч на средбата неше Џејлен Рејнолдс кој постигна 26 поени за Баерн, а Вејд Болдвин даде 18 поени, додека кај Барселона, Болмаро и Вестерман дадоа по 12 поени.


Грчкиот Олимпијакос со победа ги заврши настапите во Евролигата оваа сезона со победа над Химки од 82:75. Предводник на Олимпијакос беше Саша Везенков со 20 поени и 10 скокови, а грчкиот тим сезоната ја заврши со 16 победи и 18 порази за 12. место на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот