Евролига: Фенербахче конечно ја прекина серија порази

По три порази по ред, поранешниот европски шампион Фенербахче успеа да победи.

Турскиот тим со 84:77 го совлада Олимпијакос, но од готово за малку повторно ќе направеше вересија. Фенербахче на стартот од последната четвртина имаше предност од 14 поени (68:54) но дозволи во финишот, гостите да дојдат до само минус еден (75:74). Сепак, со поените на Де Коло и Пјер успеа да го зголеми водството и да влезе во мирен финиш. Јан Весели со 17 поени беше најпрецизен кај Фенербахче кој ја оствари шестата победа сезонава. Во редовите на Олимпијакос најдобар беше Везенков.

Успешен настап во 16. коло имаа и шпанските Басконија и Валенсија. Басконија на гостувањето во Милано славеше со 84:79 и исто како Фенербахче ја прекина серијата од три порази во низа. Зоран Драгиќ со 16 поени ја предводеше Басконија.
Валенсија на домашен терен со 88:82 го совлада рускиот Химки, додека Жалгирис со 74:73 го совлада Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот