Евролига: Драматичен финиш во Истанбул, Ефес оди на Ф4

epa09177756 Anadolu Efes players celebrate after winning the Euroleague basketball playoff match between Anadolu Efes and Real Madrid in Istanbul, Turkey 04 May 2021. EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Кошаркарите на Анадолу Ефес се пласираа на завршниот турнир во Евролигата откако вечерва во одлучувачкиот петти натпревар од четвртфиналната серија со 88:83 го совладаа Реал Мадрид.
Турскиот тим првите два натпревари во серијата релативно лесно ги доби и се изгледаше дека лесно ќе излезе на крај со Реал Мадрид, „кралскиот клуб“ славеше на наредните два натпревари кои ги играше на домашен терен и се избори за мајсторка.
Мајсторката беше одлучена во последните моменти од натпреварот и тоа благодарение на Симон и Синглтон.

Реал Мадрид подобро го отвори натпреварот и во текот на првото полувреме имаше водство, но Анадолу Ефес возврати на стартот од третата четвртина кога направи серија од 16:1 со која дојде до предност од 57:45.

Сепак „кралевите“ успеаја да се вратат во игра и да дојдат минус три (60:57) и во последната четвртина да внесат максимална неизвесност. Имено, во последната минута од натпреварот резултатот беше 80:80. Тогаш на 39 секунди до крајот, Крунослав Симон погоди тројка за водство на Ефес, а на другата страна Серхио Љуљ не успеа да врати со иста мерка, по што на 14 секунди до крајот Синглтон успеа да изнуди прекршок од играчите на Реал. Американецот ги реализира двете слободни фрлања и практично го однесе Ефес на завршниот турнир.
токму Синглтон со 26 поени и осум скокови беше најдобар во редовите на Ефес каде се истакнаа и Мициќ со 18 и Симон со 17 поени, додека кај Реал, Лапровитола даде 17 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот