Евролига: Црвена Звезда со лекција за Фенербахче

twitter.com/SportyJunky3000

Кошаркарите на Црвена Звезда славеа вечерва во рамките од второто коло од Евролигата против турската екипа на Фенербахче со резултат 68:56.

Белграѓани до овој триумф дојдоа благодарение на фантастичната тимска одбрана која ја играа од почетокот до крајот на овој меч.

Конечните 56 поени на Фенер доста говори околу тоа како тимот на Милан Томиќ вечерва играше о одбраната, а турските кошаркари од почетокот до крајот не можеа да фатат ритам, особено во нападот.

Во тимот на „црвено-белите“ изненади настапот на Мухамад Фаје кој ги погоди клучните поени и имаше важни скокови покрај одлична одбрана над високите играчи на Фенер.

Лоренцо Браун беше најдобар стрелец на домаќините со 13 поени, додека по 11 реализираа Перпероглу и Гист.

Нандо Де Коло со 19 поени беше далеку најдобар играч на Фенер, додека Али додаде 13. Останатите кошаркари на Жељко Обрадовиќ беа далеку под своите очекувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот