Евролига: Без проблеми за фаворитите, Реал Мадрид триумфираше над Панатинаикос

„Кралевите“ стартуваа победнички во Евролигата/Атина, Грција/6 октомври 2022/фото: EPA-EFE/PETE ANDREOU

Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Панатинаикос со 71:68 (23:22, 15:15, 16:14, 17:17) на гостински терен во натпреварот од првото коло од новата сезона во Евролигата.

Најефикасен во шпанскиот клуб беше Валтер Таварез со 14 поени, додека Џанан Муса додаде 13. За грчката екипа најдобар беше Дерик Вилијамс со 15 поени, додека Парис Ли додаде 12.

Во Минхен, Фенербахче беше убедлив против Баерн 74:62 (21:19, 19:15, 19:12, 15:16). Најефикасен кај турскиот претставник беше Тоње Џекири со 15 поени, а кај Германците се истакна Отело Хантер со 18 поени.

Макаби на домашен терен го победи Жалгирис со 84:83, потоа Олимпија Милано беше подобра од Асвел на гости 69:62, додека Басконија ја победи Валенсија со 81:71.

Преостанатите четири натпревари од првото коло во Евролигата ќе се играат в петок, а ќе се сретнат: Ефес – Црвена звезда (19.30 часот), Алба – Партизан (20.00 часот), Виртус – Монако (20.30 часот) и Барселона – Олимпијакос (20:30 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот