Евролига: Барселона со неверојатен пресврт ја совлада Басконија

фото. Евролига

Кошаркарите на Барселона во последниот натпревар од шестото коло во Евролигата славеа на гости кај Басконија со 71:72 откако направија неверојатен пресврт во финишот.
Имено, кошаркарите на Барселона во 36.минута губеа со 71:61 и се наоѓаа пред пораз, но со серија од 0:10 успеаја да слават. Кајл Курич постигна пет поени во пресвртот, а победничките поени беа дело на Алекс Абринес на 52. секунди до крајот. Никола Миротиќ го блокираше шутот во последната секунда на Алекс Питерс. Најпрецизен во каталонскиот тим беше Миротиќ со 18 поени, додека Брендон Дејвис постигна 12 поени, а во редовите на Басконија се истакна Зоран Драгиќ со 15 поени.

Со враќањето на Шејн Ларкин во тимот на Анадолу Ефес, се вратија и победите за турскиот тим. Ефес славеше со 79:84 на гостувањето кај Олимпијакос. Василије Мициќ со 20 поени и седум асистенции беше најрасположен за игра кај турскиот тим кој немаше проблеми да дојде до победата, додека повратникот Ларкин и Родриго Бобуа постигна по 15 поени. Прво име кај грчкиот тим беше Хасан Мартин со 11 поени.

Црвена звезда по големата победа над ЦСКА Москва во претходното коло, денеска загуби на гостувањето кај вториот руски тим Химки кој ја оствари првата победа сезонава. Химки славеше со 83:77, а јунак на победата беше Ерик Мекалум, братот на НБА ѕвездата Си-Џеј Мекалум од Портланд, кој постигна 23 поени, додека Алексеј Швед оствари дабл-дабл од 15 поени и 12 асистенции. Во редовите на Црвена звезда, Џордан Лојд уфрли 18 поени, а Џони О’Брајант постигна 14 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот