Евролига: Барселона шокирана од Асвел

Лидерот на табелата во Евролигата, Барселона доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Асвел со 80:68. Ова беше втор пораз за Барселона сезонава, додека францускиот тим ја оствари втората победа.

Кошаркарите на Асвел победата ја најавија уште во првата четвртина која ја добија со 25:19, а благодарение на одличната игра во одбраната беа подобри и во втората четвртина кога прв пат дојдоа и до двоцифрена предност (33:23), а на одмор се замина со девет поени разлика (45:36). Во второто полувреме, домашните кошаркари рутински ја одржуваа предноста и не дозволија актуелниот лидер во Евролигата да дојде до пресврт.

Дејвид Лајти со 17 поени беше најпрецизен кај Асвел, Норис Кол уфрли 14 поени, додека кај Барселона единствено Никола Миротиќ (14 поени) и Ник Калатес (12) постигнаа двоцифрен број на поени.

Екипата на Фенербахче ја продолжи црната серија, против Валенсија го забележа четвртиот пораз во низа (86:90), овој пат на домашен терен.
Турскиот тим ја имаше победата во свои раце, но катастрофалната последна четвртина го одреди победникот, Валенсија последниот период го доби со 22:31 и ја забележа седмата победа во десеттиот натпревар.
Ван Росом со 20 поени блескаше кај Валенсија, а по 13 дадоа Препелиќ и Вилијамс. Кај Фенербахче Дишон Пјер постигна 18 поени, а Али 16 поени.

Панатинаикос со 83:76 го совлада Баерн Минхен благодарение на одличната игра на Немања Недовиќ и неговите 17 поен, најголем дел ги постигна во решавачките моменти. На спротивната страна Владимир Лучиќ беше најпрецизен на натпреварот со 20 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот