Евролига: Барса со „стотка“ против Алба Берлин!

Фото: euroleague.net

Кошаркарите на Барселона победија на гостувањето кај Алба во Берлин со конечен резултат 67:103 во седмото коло од Евролигата. Каталонците одиграа одличен натпревар и веќе после првото полувреме го решија прашањето на победникот.

Екипата на Шарунас Јасикевичиус забележа дури 56 поени заедно полувреме и имаше „плус 20“ на паузата, а во вториот дел Барса целосно го декласираше домаќинот.

Најефикасен во победничкиот состав беше Никола Миротиќ со 18 поени, а го следеа Абринес со 17, Шмитс (13), Ориола додаде 12, додека Хигинс дуелот го заврши со 11 поени.

Во редовите на германскиот претставник најдобро се истакна Симоне Фонтекио со 17 поени, Ламерс постигна 12, а Сикма 10.

Денеска се одиграа уште три средби Зенит Петерсбург-Олимпијакос 66:75, Анадолу Ефес-Макаби Тел Авив 91:89 и Баскониа-Лион 86:88. На табелата моментно води Барселона (6-1), пред Жалгирис Каунас (5-1), Баерн (4-2), Олимпијакос (4-3)..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот