Евролига: Антиќ во тимот на деценијата на Олимпијакос! (ВИДЕО)

EPA/ARMANDO BABANI

Евролигата во комуникација со кошаркарските фанови објавува идеални постави од последните 10 години, на екипите кои што играат во ова натпреварување.

Еден од тие клубови е грчкиот гигант Олимпијакос во чии редови своевремено настапуваше поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ.

Токму сегашниот претседател на нашата кошаркарска федерација се најде во тимот на деценијата на Олимпијакос.

Со овој тим успеа двапати да ја освои титулата во Евролигата во 2012 и 2013 година, а воедно се закити со титулата национален шампион на Грција во сезоната 2011/12.

Покрај Антиќ, во изборот се наоѓаат уште Георгиос Принтезис, Василис Спанулис, Кајл Хајнс, Костас Папаниколау, Костас Слукас, Никола Милутинов, Ејси Ло, Теодорос Папалукас и Милош Теодосиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот