Евролига: Анадолу Ефес го растури Реал на стартот од четвртфиналната серија

epa09148029 Real Madrid's Jaycee Carroll (R) in action against Anadolu Efes' Vasilije Micic (C) during the Euroleague basketball playoff match between Anadolu Efes and Real Madrid in Istanbul, Turkey 20 April 2021. EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Кошаркарите на Анадолу Ефес остварија убедлив триумф од 90:63 над Реал Мадрид во првиот четвртфинален натпревар во Евролигата.
Најзаслужен за убедливата победа на турскиот тим е Родриг Бобуа со 19 поени, голем допринос во триумфот дадоа и Санли со 16 и Шејн Ларкин со 14 поени.

„Кралевите“ одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 0:8 по што домаќинот возврати со мини серија од пет поени. До целосен пресврт, Ефес дојде во седмата минута кога со тројката на Симон дојдоа до водство кое не го испуштија до крајот на средбата. Одлучувачка за убедливата победа на Анадолу Ефес беше третата четвртина која ја завршија со предност од 14 поени (64:50). Во последната четвртина предноста на турскиот тим се зголемуваше и на крајот изнесување дури 27 поени (90:63).
Вториот натпревар во серијата која се игра на три победи ќе се игра во четврток, исто така во Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот