Еврокуп: Димитријевиќ во четвртфиналето против Метрополитан 92

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ би можел да игра во Русија/Фото: facebook.com/valenciabasket

Во кошаркарскиот Еврокуп се одиграа осминафиналните натпревари во кои екипата на Валенсија со резултат 98:80 го елиминираше германскиот Хамбург тауерс.

На тој меч за шпанскиот клуб македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ помина нешто повеќе од 10 минути на паркетот и запиша две асистенции.

Во другите осминафинални мечеви: Хувентуд – Ратиофарм Улм 73:79, Виртус С. Болоња – Лиеткабелис 75:67, Метрополитан 92 – Умана Р. Венеција 87:66, Гран Канарија – Сласк Вроцлав 87:60, МораБанк Андора – Будуќност ВОЛИ 74:64, Цедевита Олимпија – Турк Телеком 93:80 и Партизан – Ф.Е. Бурсаспор 95:103.

Противник на Валенсија и Димитријевиќ во четвртфиналната фаза ќе биде Метрополитан 92 од Франција, дуел кој ќе се игра на 27 април. Истиот ден Цедевита Олимпија на домашен терен ќе го пречека Ф. Е. Бурсаспор.

Еден ден порано, на 26 април, Виртус С. Болоња ќе игра против Ратиофарм Улм, додека Гран Канарија се соочува со МораБанк Андора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот