Еврокуп: Димитријевиќ меѓу најефикасните против Цедевита Олимпија!

twitter.com/MarcMundet78

Македонската кошаркарска надеж продолжува со нови добри перформанси во дресот на шпанскиот клуб…

Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец во редовите на Хувентуд Бадалона, но неговиот клуб загуби на гостувањето кај Цедевита Олимпија Љубљана со 103:81.

Нашиот плејмејкер за 18 и пол минути на паркетот запиша 13 поени (4/6 од поле, 0/3 за три, 5/6 од слободните фрлања).

Поефикасни од него кај Хувентуд Бадалона беа само Перин Буфорд и Клемен Препелич со по 14 поени. На спротивната страна Јака Блажиќ имаше 18 поени, два помалку Едо Муриќ.

На конечната табела Шпанците во групата „Ц“ го освоија четвртото место и обезбедија место во Топ 16 фазата од натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот