Еврокомесарката Јохансон: Европските држави мора да протеруваат повеќе странци со нерегуларен статус

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Европските држави мораат да протераат повеќе странци со нерегуларен статус во нивните земји за да избегнување на раст на популизмот, рече европскиот комесар за внатрешни работи, Илва Јохансон пред францускиот Сенат.

– Потребни се повеќе договори за реадмисија со земјите на потекло кои функционираат подобро. Европската комисија треба да ги искористи сите алатки со кои располага за да го постигне тоа, вклучувајќи и условување на меѓународна помош, пазарни договори, визи, па дури и на Еразмус, наведе таа.

– Причината поради која ставам акцент на враќањето е дека европските граѓани, ми се чини, се подготвени да ги пречекаат луѓето на кои им е потребна меѓународна заштита. Но, тие сакаат да направиме разлика меѓу оние кои имаат право да останат и кои мора да бидат интегрирани и оние кои немаат право да останат, објасни Јохансон.

– Ако не можеме да бидеме поефикасни при враќањето, постои ризик од раст на популизмот и ризик да се загуби поддршката од европските граѓани, изрази загриженост еврокомесарката.

Има доста простор за подобрување по прашањето за протерување во Европа, продолжи Јохансон, нагласувајќи дека просечната стапка на спроведување на одлуката за протерување е 30 отсто во Европа. Таа, исто така, ги критикуваше долгите процедури пред да биде донесена таквата одлука.

Во меѓувреме, објасни таа, „луѓето се интегрираат во општеството, се вљубуваат, почнуваат да работат и станува многу тешко да се извршат овие враќања, тоа е она што сакам да го избегнеме“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот