Еврокомесар предупредува дека енергетската сиромаштија во Европа може да се зголеми

Николас Шмит
Николас Шмит / Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Комесарот за работни места и социјални права на ЕУ предупреди дека, додека растат цените, енергетската сиромаштија во Европа се зголемува.

Николас Шмит за ДПА изјави дека во Унијата веќе има милиони кои страдаат од енергетска сиромаштија и додаде дека тој број може да продолжи да расте.

Европската комисија може да им помогне на земјите од ЕУ да го ограничат влијанието на сегашните високи цени на енергијата врз јавноста, но пред сè националните влади треба да преземат акција, рече Шмит.

Портпаролката на германската Влада Мартина Фиц во петокот рече дека е важно да се има координација ширум Европа и да се дејствува во рамките на сегашните правила за внатрешниот пазар на ЕУ.

За ова прашање ќе се разговара на самитот на ЕУ во Брисел во четврток и петок следната недела, рече Фиц.

Европската конфедерација на синдикати ETUC во септември предупреди дека податоците покажуваат оти повеќе од 2,7 милиони луѓе во Европа повеќе не можат да си дозволат соодветно да ги загреат своите домови, и покрај тоа што имаат постојана работа.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот