Евроизија 2023: Објавен редоследот на изведувачи во полуфиналињата

Велика Британија ќе биде домаќин на Евровизија следната година, наместо Украина, која минатата година победи на натпреварот. Причина за тоа е руската агресија врз оваа земја, поради што нема да биде можно натпреварот да се одржи под предвидливи околности.
Официјално е утврден редоследот на настапи на двете полуфинални вечери на 67. избор за песна на Евровизија. Британската телевизиска куќа Би-би-си го одлучи редоследот по кој претставниците на земјите натпреварувачи ќе се појават на сцената во мај, што го потврди и Мартин Остердал.
View this post on Instagram
Треба да се напомене дека од 2013 година до денес продуцентите на шоуто одлучуваат за редоследот во двете полуфиналиња.
Првата вечер ќе се одржи во вторник, 9 мај, со почеток во 20 часот. Втората полуфинална вечер е во четврток, 11 мај.
Во првото полуфинале се натпреваруваат вкупно 15 земји. Полуфиналето ќе го отвори еден од фаворитите на годинешното натпреварување – Норвешка, а ќе заврши со уште еден голем фаворит – Финска.
View this post on Instagram
Второто полуфинале ќе го отвори Данска, а ќе заврши со Австралија.
Ќе се квалификуваат десетте најдобри земји од секое полуфинале, кои ќе се сретнат со големата петорка, како и со минатогодишниот победник Украина во големото финале во сабота на 13 мај.
ВИДЕО | Koj e Лук Блек, младиот музичар кој ќе ја претставува Србија на Евровизија
Спектакл во најава: Ова се водителите на годинашната Евровизија во Велика Британија