Евробарометар: Европејците загрижени поради економијата, сепак веруваат во подобра иднина

epa08670904 Locals sit at a cafe in Bordeaux South-Western France, 15 September 2020. The extension of health restrictions is increasing in France, especially in Bordeaux, in the face of the galloping progression of the Covid-19 pandemic. In Bordeaux and its metropolis, bars and restaurants, standing consumption is now prohibited and controls will be tightened. Private events are now limited to ten people, as are gatherings on beaches, parks, gardens and on city docks. EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

 Истражувањето на „Евробарометар”, спроведено во периодот обележан со пандемијата Ковид-19, покажува дека Европејците се многу загрижени за економската состојба, но исто така имаат уверување дека ЕУ ќе донесе правилни одлуки кога станува збор за одговор на кризата.

Според новиот Евробарометар, спроведен во јули и август, 64 отсто од Европејците сметаат дека економската состојба е „лоша”, а 42 отсто сметаат дека економијата на нивната земја ќе се опорави од негативните ефекти од појавата на вирусот „во 2023 година или подоцна”.

Европејците се поделени во однос на мерките што ЕУ ги презеде за борба против пандемијата, но 62 проценти велат дека веруваат дека ЕУ ќе донесе правилни одлуки во иднина, а 60 проценти остануваат оптимисти за иднината на ЕУ.

Најмногу оптимизам е регистриран во Ирска (81 отсто), Литванија и Полска (по 75 отсто) и Хрватска (74 отсто).

Најниски нивоа на оптимизам се забележани во Грција (44 отсто) и Италија (49 отсто), каде песимизмот го надминува оптимизмот и Франција, каде мислењето е поделено подеднакво (49 отсто наспроти 49 отсто).

Повеќе од една третина од испитаниците сметаат дека економската состојба е најитно прашање со кое се соочува ЕУ, што не се случило од економската криза во 2014 година.

Кога станува збор за лични искуства за време на периодот на „затворање” поради вирусот, 30 проценти од Европејците велат дека било „прилично лесно” да се справат, додека четвртина велат дека било „прилично тешко” да се справат со него.

Поддршката за Економската и монетарната унија и еврото останува висока, при што 75 проценти од испитаниците во еврозоната заговараат единствена валута на ЕУ, додека тој процент на ниво на целата ЕУ е 67 проценти.

Мнозинството луѓе во 26-те земји-членки на ЕУ, со исклучок на Италија, велат дека „се чувствуваат како граѓани на ЕУ”, со најголеми оценки во Ирска и Луксембург (по 89 отсто), Полска (83 отсто), Словачка и Германија (по 82 отсто), Литванија (81 отсто), Унгарија, Португалија и Данска (сите 80 отсто).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот