Евроамбасадорот Гир: Европската регулатива го забранува споделувањето на податоците како етничка и религиозна припадност

Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, уште еднаш појасни дека европската регулатива го забранува споделувањето на податоците како етничка и религиозна припадност.

Премиерот Заев пак вели дека императив на Македонија е усогласување на домашното законодавство со европската регулатива.

„Ова прашање е во делот на регулативата за генералната заштита на личните податоци. Со ова, при процесуирање на тие информации за етничката припадност, религиозната припадност и други елементи се забранети. Во моментов во Европската Унија личните карти се прашање кое се регулира поединечно од секоја земја-членка и тоа ќе биде така, меѓутоа, во август, оваа генерална регулатива за заштита на лични податоци се очекува да се усвои на ниво на Европската Унија и да важи за целата Унија“, изјави Дејвид Гир.

„Како земја-кандидат за членство во Европската Унија за нас секогаш императив е усогласување на домашното законодавство со европската регулатива. Во август или октомври, кога и да почне Европската Унија да дебатира по ова прашање и ние ќе се вклучиме, а секако на крајот ние ги следиме сите европски регулативи и одлуки заради тоа што сакаме да бидеме членка на Европската Унија“, рече премиерот Зоран Заев. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот