Евро 2021 ќе се игра во еден град: УЕФА негира, Швајцарците го тврдат спротивното!?

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Европското првенство на кое за прв пат ќе учествува и Македонија, засега според плановите на УЕФА нема да претрпи промени кога станува збор за организацијата, но има верувања дека таа одлука ќе се промени.

Иако пандемијата на коронавирусот им ги поремети плановите на неколку спортови како Формула 1 или скијачките спортови, УЕФА не отстапува од предвидениот план, Евро да се игра во 12 градови, а Лигата на шампионите да продолжи да се игра „нормално“, односно без организација на турнир во еден град.
– Што е однесува до Евро кое првично беше закажано за летото 2020, а потоа е презакажано за оваа година, ништо не е сменето – изјавија од прес службата на УЕФА за „Франс Прес“.

Сепак, и овој план не е конечен бидејќи УЕФА има рок до 5. март да донесе дефинитивна одлука дали ќе се игра во 12 градови и има четири опции кога станува збор за навивачите. Тоа се 100 проценти навивачи на стадионите, од 50 до 100 проценти, 20 до 30 проценти на навивачи или Евро да се игра без навивачи, а а притоа ќе се почитуваат сите здравствени протоколи.

Но, првиот човек на фудбалската федерација на Швајцарија, Доминик Блан, изјави дека ова сценарио е тешко изводливо поради ограничувањата во патувањата. Блан има две сценарија, ЕП да се игра во една држава, на пример Русија или Германија или во еден голем град во кој има доволно стадиони како што е Лондон.
Тој исто така истакна дека не може да замисли да трибините да има навивачи и е убеден оти ЕП ќе се игра пред празни трибини како што беше случај со завршницата во Лигата на шампионите од минатата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот