Евро 2020 ќе се игра во декември?

твитер

Во вторник ќе се одржи состанок во УЕФА на сите земји членки и на него ќе се разгледува состојбата во европскиот фудбал по суспендирањето на речиси сите лиги поради пандемијата на коронавирусот.

На сите им е кристално јасно дека Европското првенство нема шанси да започне на 12 јуни како што е предвидено поради пандемијата на коронавирусот.

Исто така на сите им е јасно дека суспензијата на речиси сите фудбалски лиги нема да заврши на почетокот на април поради пандемијата на коронавирусот поради која засега две земји, Италија и Шпанија прогласија вонредна состојба.

Исто така не е затворен и списокот на учесници на Евро 2020, последните четири репрезентации ќе бидат познати по одигрување на баражите во Лигата на Нациите, а шанса за прв пат да игра на континенталниот собир има и македонската фудалска репрезентација која ја очекува прво дуел со Косово, а доколку победи ќе игра со подобриот од натпреварот помеѓу Белорусија и Грузија.

Поради тоа сигурно е дека во вторник ќе биде донесена одлука  ЕП да се одложи.

Денеска британскиот весник „Телеграф“ пренесува дека Евро 2020 може да биде одржат во декември годинава, доколку до лето се смири состојбата со пандемијата на коронавирусот.

Весникот пишува дека овој термин е прифатлив за најмоќните европски фудбалски федерации, бидејќи сметаат дека ЕП во декември ќе претставува еден вид на генерална проба пред СП 2022 година во Катар кое исто така е предвидено да се игра во декември поради големите температури во текот на летото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот