ЕВРО 2020: „Црвената фурија“ без муниција

epa09271677 Alvaro Morata (R) of Spain in action against Sebastian Larsson of Sweden during the UEFA EURO 2020 group E preliminary round soccer match between Spain and Sweden in Seville, Spain, 14 June 2021. EPA-EFE/Pierre Philippe Marcou / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Фудбалерите на Шпанија и на Шведска го одиграа првиот натпревар без голови на Евро 2020.

Селекторот на Шпанија Луис Енрике изнесе силен тим, но со едно изненадување, наместо стандардниот Тијаго Алкантара во првиот тим се најде фудбалерот на Барселона, Педри.
И покрај тоа „црвената фурија“ тргна офанзивно од првата минута и во целост ја контролираше играта и доминираше, шансите се редеа но без ефект. Два пати Коке се најде во одлична можност, Дани Олмо шутираше со глава, додека Алваро Мората ја имаше најдобрата шанса но го промаши голот.

Казната за промашувањата ќе дојдеше во финишот од првиот дел кога Александер Исак чиј шут на гол линијата го запре Маркос Љоренте.
Во второто полувреме, Шпанија го зголеми притисокот, но не успеа да најде начин да го совлада одличниот Робин Олсен, а последната шанса ја имаше во 90 минута кога Морено од пет метри шутираше со глава во шведскиот голман го запре неговиот удар.
Во второто коло, Шпанија ќе се обиде да се извади за киксот против Полска, додека Шведска ќе игра против Словачка.

Видео на денот