Еврејскиот конгрес за спорната миса во Сараево: Страшно е што фашистите добиваат почит

Конгресот е огорчен од сознанието што се слават усташите кога се знае нивното злосторство врз Евреите.

Светскиот еврејски конгрес остро ја осуди и се спротивстави на мисата закажана за 16. мај во Сараево, наменета за оддавање почест на Хрватите кои во мај 1945 година се собраа во Блајбург, заедно со припадници на фашистичкото усташко движење. Две дополнителни помали комеморативни манифестации ќе се одржат во Загреб и Блајбург истиот ден.

Како што велат од Конгресот, огорчени се од сознанието дека изминатите 24 години во Хрватска се одбележува Денот на сеќавање на жртвите во борбата за слобода и независност на Хрватска, а не се величаат хероите кои придонеле за градење на силна и морална современа Хрватска, туку поединци кои го поддржувале или активно биле вклучени во активностите на режимот кој погубил стотици илјади недолжни мажи, жени и деца, убиени само поради својот етнички или верски идентитет.

Конгресот додава дека е невозможно да се сфати зошто „Саборот на модерната Република Хрватска изгласал Закон за празници и неработни денови во РХ (Член 2) па од сите слободни датуми во годината го обрал оној кој одбележува настани врзани за Блајбург, сметајќи го за несоодветен за спомен на жртвите кои паднале за слободата и независноста на модерна Хрватска“.

Потпретседателот на Конгресот: Ова е застрашувачко

„Застрашувачко е сознанието, во еврејскиот свет, како фашистите кои се обиделе Хрватска да ја исчистат од еврејското и српското население, слепо следејќи го ужасниот модел кој е емитиран од нацистичка Германија, добиваат почитување и на нив се гледа како на некој кој со своите скти придонел за слобода и независност на модерната хрватска држава, држава чиј устав се темели на антифашистичката борба и борбата против нацистичкиот режим и неговите соработници, рече Менаншен Росенсафт, главен советник и помошен извршен потпреседател на Светскиот еврејски конгрес.

„Фактот дека Хрватскиот сабор има покровителство над ваквата спорна манифестација под знамето на оддавање почит и сеќавање на оние кои своите животи ги дале за хрватската слобода е шамар во лице на сите невини жртви на усташите, сите заговорници на историската вистина и на еврејската заедница во поширокиот регион чиј патриотизам и лична безбедност се доведуваат во прашање секогаш кога ќе се спротивстават на комеморации на оние кои брутално ги убивале нивните предци“, додаде Росенсафт.

„Светскиот еврејски конгрес дава цврста поддршка на сите придружени заедници погодени од овие страотни дела, посебно евреските заедници во Босна и Херцеговина, Хрватска и Австрија“, наведоа од оваа организација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот