Еврата што ги знаеме одат во историјата, нови ќе редизајнираат уметници, физичари и археолози

Евра/ Фото: ЕПА

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард одлучи да ги редизајнира евро банкнотите па побара стручна помош од 19 експерти од членките на еврозоната, по еден од секоја земја, со рој до 2024 година да изберат нов дизајн за оваа валута, објави Телеграф.

На банкнотите кои моментално се во оптек во еврозоната во моментов се нацртани прозорци, врати и мостови, базирани на различни епохи и стилови.

Експертите кои се ангажирани од ЕЦБ се од различни бранши – од уметници и дизајнери до физичари и археолози, и ќе имаат за задача да го сменат изгледот на еврата за да бидат попристапни за Европјаните од сите старосни групи и култури.

Намерата е панелот експерти да ги осмисли новите визуелни решенија, кои ЕЦБ потоа ќе ги даде на јавна расправа. Ќе следува конкурс по кој ќе се одржат додатни консултации, а конечната одлука за изгледот на новите евро банкноти ќе ги донесе Управниот одбор на ЕЦБ, тело кое инаку носи одлуки за каматните стапки и слични прашања.

Одлуката за редизајн доаѓа откако ЕЦБ донесе одлука за можноста за имплементација на новото дигитално евро што загрижи многумина и потенцијално навести крај на физичките пари.

Но Лагард мораше да појасни дека банкнотите нема да се укинат.

– Банкнотите остануваат. Тие се тактилен и видлив симбол на заедничка Европа, посебно во време на кризи и уште се многу барани. По 20 години, време е за ревизија на изгледот на нашите банкноти за ги направиме по достапни за Европјаните од сите старосни групи и култури, рече Лагард.

Моментално во оптек се 27,6 милијарди евро банкноти кои вредат над 1,5 билиони евра.

Најмногу банкноти има од 50 евра – 13,4 милијарди, па следуваат банкнотите од 20 евра кои ги има 4,5 милијарди. Банкнотите од 100 евра има 2 милијарди, а исто толку и банкноти од 10 и 5 евра. Банкнотите од 200 и 500 евра се поретки, и од секоја има по една милијарда.

Банкнотите од 500 евра повеќе не се печатат неколку години, но постоечките не се повлечени туку се уште се во оптек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот