Евра: Анри само што го виде Џака, го исклучи телевизорот!

фото: твитер

Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака повторно е во центарот на вниманието во фудбалска Англија и пошироко.

Играчот на Арсенал на вчерашниот натпревар против Барнли непотребно го фати за врат противничкиот играч Ешли Вествуд по што доби црвен картон.

Лошата вечер на „топчиите“ беше комплетирана со нов пораз сезонава во Премиер лигата после автоголот на Пјер-Емерик Обамејанг.

Тјери Анри, еден од најдобрите играчи на сите времиња во Арсенал, еден период поради Џака не сакал да го гледа својот омилен клуб.

– Анри ме покани еден ден кај него да гледаме натпревар на Арсенал. Тој го вклучи телевизорот и првото нешто што виде на екранот беше Гранит Џака како предводник на Арсенал со капитенската лента. Анри веднаш го исклучи телевизорот. Тој рече дека не може да ја гледа екипата додека Џака е капитен и не го гледавме, зборувавме за други работи – рече екс членот на Манчестер јунајтед, Патрис Евра за „Скај Спортс“.

ВИДЕО: Арсенал „тоне“, автогол на Обамејанг, Џака доби црвен картон!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот