Еворамбасадорот во Тирана, Сореца позитивен на Ковид-19

 Веста вечерва ја соопшти лично Сореца преку статус на социјалните мрежи, наведувајќи дека тој е во „ добра здравствена сосотјба заедно со другите членови од семејството” и упатува апел до сите да ги почитуваат мерки за заштита од опасниот врус.

-По направениот тест добив позитивен резултат, дека сум заразен со Ковид-19 иако строго се придржував на мерките за заштита. Добар сум со здравјето, како и моето семејство. Јас сум во самозолација во мојот дом од каде ќе продолжат со редовната работа. Грижете се за вашето здравје и почитувајте ги мерките, напиша Сореца.

Ова е прв случај на заразен од вирусот на висок странски дипломат во Тирана.

Од друга страна заразени со Ковид-19 има меѓу членовите на дипломатските претставништва, како што тоа беше и претставникот на руската амбасада Алексеј Кривошеев, кого албанскте власти го протераа минатата недела поради „непочитување на анти-ковид мерките”.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот